• сабота, 23 ноември 2024

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Берлин, 30 април 2024 (МИА) - Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Германија во април изнесуваше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, соопшти денеска германската Сојузна агенција за труд.

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

За априлската статистика, Агенцијата користела податоци кои биле достапни до 15-ти во месецот, пренесува порталот Wirschaftsvohe.

„На пазарот на трудот сè уште му недостига силна поддршка на економијата, така што пролетното закрепнување останува слабо“, изјави членот на управниот одбор на Агенцијата, Даниел Терзенбах.

Побарувачката за работници исто така благо опаѓа, но и натаму е на многу високо ниво.

Агенцијата за труд во април регистрирала 701.000 слободни работни места во Германија, што е за 72.000 помалку од пред една година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан