• четврток, 26 декември 2024

Стано: Новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на 2 мај во Брисел

Стано: Новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на 2 мај во Брисел

Белград, 18 април 2023 (МИА) - Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека на 2 мај во Брисел ќе се одржи нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Стано кажа и дека ЕУ формирала Заеднички надзорен одбор за следење на спроведувањето на Договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и Анексот за имплементација договорен во Охрид.

-ЕУ, како олеснувач на дијалогот меѓу Белград и Приштина, заедно со Косово и Србија, како страни во дијалогот за нормализација на односите, денеска формираа Заеднички надзорен одбор за следење на спроведувањето на Договорот на патот кон нормализацијата меѓу Косово и Србија и Анексот за негово спроведување, соопшти Стано.

Тој додаде дека очекува Проектираната задача да биде финализирана и усвоена на првиот состанок на комитетот, кој ќе се одржи по следниот состанок на високо ниво закажан за 2 мај во Брисел.

Како што кажа, овој надзорен одбор се формира 30 дена по состанокот на високо ниво во Охрид, како што е наведено во Анексот за имплементација.

Со Заеднички надзорен одбор за следење ќе претседава специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Косово ќе го претставува својот амбасадор во Брисел, Агрон Бајрами, а Србија претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Како што се наведува, одборот редовно ќе се состанува во Брисел. об/сд/

Остани поврзан