• вторник, 12 ноември 2024

Стано: Зајакнување на врските со Русија не во согласност со принципите за членство во ЕУ  во во ЕУ

Стано: Зајакнување на врските со Русија не во согласност со принципите за членство во ЕУ  во во ЕУ

Брисел, 5 септември 2024 (МИА) – Одржувањето на врски со Русија како да е се нормално, не е во согласност со принципите на пристапниот процес и членството во ЕУ, изјави денеска главниот портпарол за надворешни работи и безбедносна политика на Европската комисија Петер Стано, во коментар на изјавата српскиот вицепремиер Александар Вулин дека „Србија не е само партнер, туку и сојузник на Русија“. 

- Русија е земја која под водство на (претседателот Владимир) Путин ги крши Повелбата на ОН и меѓународното право, што воедно е спротивно на принципите на кои е изградена ЕУ. Очекуваме Србија да се воздржи од интензивирање на врските со Русија и сите членови на српската Влада да ги почитуваат обврските што Србија ги презеде доброволно кога станува збор за процесот на пристапување во ЕУ, изјави Стано. 

Според него, не е јасно во чие име зборува Вулин, кога претседателот на Србија и други челнови на Владата постојано повторуваат дека стратешка цел и приоритет на земјата е придружување во Унијата. 

- Србија аплицираше за членство во ЕУ. Мислам дека досега сите знаат кои се принципите на процесот на пристапување и потенцијално членство во ЕУ, истакна портпаролот на ЕК. 

Стано додаде дека еден од тие принципи е и усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. 

- Одржувањето или дури и зајакнување на врските со Русија во време на нејзината илегална агресија врз Украина и украинскиот народ не е во согласност со вредностите на ЕУ и со пристапниот процес, истакна Стано. 

Според него, ЕУ со загриженост потенцира дека ваквите постапки и изјави на Вулин, што не се прв случај, не одат во прилог на декларираните цели на Србија за зачленување во Унијата. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан