• вторник, 24 декември 2024

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира ЗСО

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира ЗСО

Брисел, 30 април 2024 (МИА) - Европската унија очекува властите во Приштина без одлагање да ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

-Го повикуваме Косово без натамошно одлагање да продолжи со формирањето на Заедницата на српски општини во согласност со Нацрт-статутот на ЕУ, кажа Стано за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тој апелираше до Белград и Приштина да се воздржат од еднострани дејствија кои не придонесуваат за создавање поволна средина за разговори за нормализација на односите и да се заложат за решавање на сите отворени прашања во дијалогот.

Стано посочи дека ЕУ поддржува единствен институционален и административен аранжман во  Косово.

-Сите досегашни договори за дијалог се целосно усогласени со овој принцип и ја следат правната и институционалната рамка на Косово, што беше потврдено со заклучоците на Европскиот совет, изјави Стано за РСЕ.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан