• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Станков: Интензивно работиме на обдукција на загинатите во пожарот во Кочани

Станков: Интензивно работиме на обдукција на загинатите во пожарот во Кочани

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Директорот на Судска медицина Александар Станков во изјава за МИА кажа дека интензивно работат на обдукција и идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.

- Работиме интензивно на процесот на идентификација и на утврдување на причините за смртта, со цел да ја завршиме работата што е можно побрзо за да може роднините што поскоро да ги преземат посмртните останки од нивните блиски, рече Станков.

Тој кажа дека работат во тимови заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи, но не откри детали до каде е со процесот, односно кога би бил завршен и што е утврдено со обдукциите досега.

Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 150 настрадани се згрижени во земјава и странство. вг/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан