• сабота, 23 ноември 2024

Стамнова: Загубата на Централниот регистар ќе биде шесткратно поголема од лани

Стамнова: Загубата на Централниот регистар ќе биде шесткратно поголема од лани

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Централниот регистар работи со загуба. Годинава, загубата ќе биде шесткратно поголема од лани, рече денеска директорката на оваа институција Анита Стамнова.

Во обраќањето на настанот по повод „Деновите на Централен регистар“, Стамнова најави нови проекти и потенцира дека во фокусот ќе бидат развојот, транспарентноста и стбилноста на институцијата.

Регистарот, подвлече, ќе биде извор на информации за сите учесници во платниот промет.

-Претходната година забалежавме загуба во работењето прв пат по не знам колку години, а годинава веќе е извесно дека ќе рботиме со загуба. Уште кога дојдов на функцијата го детектиравме тоа со колегите. Загубата ќе биде шесткратно поголема од загубата минатата година. На сите состаноци со Министерството за финансии разменивме размислувања и насоки како да ни помогнат околу услугите што ги нудиме, за да ја подигнеме институцијата, да ја вратиме на „здрави нозе“, рече директорката.

Меѓу планираните активности, Стамнова ги акцентираше надградбата на централизираниот менаџмент со корисници, надградбата на Регистарот на вистинските сопственици на правните субјекти, како и надграбата на едношалтерскиот систем. Ќе биде во функција, дополни, и новиот регистар на сметки преку кој институцијата ќе се вклучи во борбата против перењето пари и финанансирањето тероризам.

-Покрај усогласувањето со ЕУ директивите, во делот на контролата и заштитата на податоците предложени се законски измени кои треба да придонесат за подобар квалитет на податоците. Целта на надградбата на централизираниот менаџмент со корисници е овозможување елекорнска идентификација на корисниците на електронските услуги на Централниот регистар со високо ниво на сигурност. Ќе се надградува и Регистарот на вистинските сопственици на правните субјекти со цел обебедување висок степен на транспарентност во сопственичката структура, а надграбата на едношалтерскиот систем ќе овозможи забрзување и поедноставување на пријавите за упис, истакна Стамнова.

Таа најави и зголемување на квалитетот на податоците за физичките лица, софтеврско решение за генерирање извештаи, како и систем за заштита и архивирање податопци.

Вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска се осврна на Единствениот регистар на сметки.

-Ова е еден од важните чекори што ја олеснува обработката на податоците, овозможува поефикасно делување на институцијата и поголема заштита на потрошувачите. Воспоставувањето на овој Регистар е значајно за приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра - СЕПА, ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни, претставува важна основа за ефикасноста на плаќањата, за поголема фиансика контрола и за спречување нелегални активности, но и за погоема ефиканост на процесите за присилна наплата според најдобрите европски практики. Регистарот ќе овозможи и подобра заштита на правта на граѓаните и правните сујекти, подвлече  Нацевска.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пофали Централниот регистар дека е една од институциите кои даваат вистински пример за успешна деигитална трансформација во јавниот сектор.

-Клучен сегмент во реформата на јавната администрација е подобрување на квалитетот на административните услуги. Нудењето електеронски услуги значи поедноставна и побрза испорака на услуги, транспарентност и намалување на можностите за корупција, подвлече министерот.

Настанот беше под мотото „Денови на Централен регистар, прогрес и визија кон иднината“. мч/нд/

фото/видео: МИА

Остани поврзан