• четврток, 12 февруари 2026

Стаменкова: Се унапредува дуалното образование во Македонска Каменица

Стаменкова: Се унапредува дуалното образование во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 9 февруари 2026 (МИА) - Во насока на унапредување на дуалното образование, денеска во Македонска Каменица се одржа работна средба меѓу градоначалничката Соња Стаменкова, претставници на Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ и компанијата Рудник САСА.

На состанокот беа разгледани реализираните активности, беа разменети искуства, како и договорени идните чекори за понатамошно зајакнување на дуалното образование.

-Партнерствата меѓу образовните институции и стопанството се клучни за создавање квалитетен и стручен кадар, кој ќе има реални можности за вработување и останување во нашата општина. Продолжуваме посветено да работиме во интерес на младите и нивната иднина“, изјави Стаменкова.

Посебен акцент како што додаде беше ставен на практичната настава и подобрата подготовка на учениците за вклучување на пазарот на трудот, со цел создавање стручен и конкурентен кадар.

Од Општина Македонска Каменица најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон поддршка на младите и инвестирање во нивната иднина.

Средбата се реализира во рамки на досегашната успешна соработка и потпишаниот Меморандум за соработка меѓу образовната институција и стопанството. вс/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан