• петок, 27 декември 2024

Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола

Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - АД Електрани на Северна Македонија информираат дека во РЕК Битола во функција е ставен Блок 2 на РЕК Битола, а за работа е подготвен и Блок 1 кој ќе биде ставен во погон согласно потребите на потрошувачите на електрична енергија во земјава и анализите на пазарот на електрична енергија.

Во соопштение до јавноста, АД ЕСМ посочуваат дека во овој период потребите од електрична енергија за потрошувачите се изполнуваат од свои производствени капацитети и преку набавка на електрична енергија, по поволни цени кои и овозможуваат на компанијата намалување на трошоците на работа.

АД ЕСМ и во иднина ќе ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за потрошувачи врз основа на анализите што секојдневно се прават за расположливоста на сопствените производствени капацитети, побарувачката на струја, како и околностите на пазарот со електрична енергија, информираа од АД ЕСМ. мт/ев/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан