• петок, 08 ноември 2024

Ставени во функција сите расположливи средства за чистење на речните корита и критичните точки по најавата за обилни врнежи

Ставени во функција сите расположливи средства за чистење на речните корита и критичните точки по најавата за обилни врнежи

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се ставени во функција сите расположливи средства за чистење на речните корита согласно најавите од УХМР дека под влијание на циклонска активност деновиве во земјава ќе има врнежи, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Како што напомена Трипуновски, мора да се делува интервентно зашто во претходните години коритата не биле исчистени. 

Трипуновски ја оцени ситуацијата како еколошка катастрофа и го впери прстот директно во градоначалникот Костадин Костадинов. Воедно апелира надлежните институции и ЈО да го испитаат случајот

-Ставени се во функција сите расположливи средства и се прави план за чистење на сите критини точки во земјава, односно на речните корита кои низ годините, за жал, се неисчистени, па, мора интервентно да делуваме. Ја следиме прогнозата за да превенираме каква било штета по однос на ова прашање, рече Трипуновски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која Владата и понуди помош на Општина Струмица за решавање на проблемот со водата за пиење. мч/аа/

фото: МИА архива и принт скрин

Остани поврзан