• четврток, 26 декември 2024

ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените, Владата да преземе поригорозни мерки

ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените, Владата да преземе поригорозни мерки

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка.

Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат.

ССМ не очекува многу и од Законот за нефер трговски практики зашто, според Трендафилов, Инспекторатот кубури со луѓе и не може да исконтролира огромен број трговци.

Është shqetësuese që krahas  rreziqeve me të cilat ballafaqohemi në vendet tona të punës, përballemi edhe me rreziqe kur vijmë dhe kthehemi nga puna. Fatkeqësisht, para dy javëve jetën e humb

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со Законот за нефер трговски практики, најави казни по Нова година. Дотогаш, рече, ќе се изрекуваат само опомени. Комисијата за заштита од конкуренција ќе има пет членови, а тројца ќе бидат дел од посебен сектор кој ќе се занимава само со прекршоци.

-Вкупно 47 производи од синдикалната кошничка беа опфатени со есенската. За жал, трговците го искористија перидот кога мерката се најавуваше и ги зголемија цените па синдикалната кошничка во делот на храната и пијалаците за септември беше зголемена за околу 750 денари, а сега, за октомври, е намалена за 960 денари. Трговците беа алчни, на грбот на работниците повторно се обидуваат да заработуваат. Зголемените цени во септември само ги намалија во октомври и повторно останаа со истиот профит. Сметам дека Владата треба да преземе поригорозни чекори за да ги спречи ваквите појави. Чекаме да профункционира и ограничувањето на маржите со Законот за нефер трговски практики, но слаб е настапот на Инспекторатот, не зашто не сака, туку зашто има многу мал број луѓе за да исконтролира огромен број трговци, истакна претседателот на ССМ.

Тој напомена дека Владата треба да го вклучи ССМ во креирањето на новите мерки за ограничување на маржите.

-Две третини од тоа што Владата предвиде, е од минимналната синдикална кошничка, а ние ја пресмтуваме и најдобро знамеме што е потребно, нагласи Трендафилов.

Ligji dhe rregullativat janë të rëndësishme, por më me rëndësi është si shoqëri të përpilojmë formular të ri në vendin e punës, ku teknologjia do të shërbejë për t'i përmirësuar kushtet, por

Според министерот, откако е донесен Законот за нефер трговски практики, се следи ситуацијата на терен.

-До крајот на годинава им дадовме време на добавувачите да ги усогласат цените, а по Нова Година, ќе се пишуваат казни. Дотогаш ќе има опомени и советувања за тоа како да ги прават договорите согласно Законот за нефер трговски практики. И Комисијата и секторот ќе ги разгледуваат овие договори што ќе ги склучуваат добавувачите и откупувачите. Мислам дека ќе се контролираат многу добро. Пример е Хрватска каде исто така е формирана Комисија за заштита од конкуренција од пет члена и функционира многу добро. Откога е донесен Законот за нефер трговски практики, ние сме на терен. Реализирани се состаноци со трговците, проиозводителите и дистрибутерите, ги слушнавме нивните маки, со што се соочуваат. Ако треба, за да функционират како што треба, во наредниот период ќе се додадат и нови членови. Законот е нов и затоа ги слушаме нивните забелешки, истакна Дурмиши.

Министерот и Трендафилов присуствуваа на настанот по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа. мч/аа/

фото/видео: МИА

 

 

Остани поврзан