• недела, 24 ноември 2024

ССМ бара итна средба со Владата за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари

ССМ бара итна средба со Владата за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) - Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итна средба со претседателот на Владата, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика во врска со барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. ССМ викендов реагираше дека во ребалансот на Буџетот не се предвидени средства за оваа намена, како што им било ветено за време на преговорите за Општиот колективен договор за јавниот сектор. - Согласно презентираниот ребаланс на Буџетот од страна на министерот за финансии и анализите на ССМ, не видовме дека има предвидено средства за линеарно - солидарно зголемување на платите во нето износ од 2.806 денари, како што бараше ССМ во Општиот колективен договор за јавниот сектор и за време на преговорите што ги водевме со тимот министри на кои добивме уверување дека со релабансот на Буџетот ќе го добиеме линеарното зголемување, вели во изјава за МИА претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Доколку ова не се случи со ребалансот на Буџетот, Синдикатот најавува дека од септември ќе бара зголемување на платите за 18,4 проценти повикувајќи се на членот 8 од Законот за минимална плата, кој предвидува усогласување на останатите плати со минималната плата. Од ССМ не ја исклучуваат и можноста за генерален штрајк, доколку не се исполни ветеното. бак/сп/

Остани поврзан