• среда, 25 декември 2024

ССК: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

ССК: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Скопје, 23 април 2024 (МИА) - Бизнисот не бил консултиран за владината одлука - приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори. 

Според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата.

-Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема разговарано. Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни, како и четвртокот и петокот. Навистина, многу непријатна ситуација. Ова не е наша одлука, политичарите ги носат тие одлуки за изборните датуми кои им се потребни за да добијат излезност, рече денеска претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезната маса „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“.

На 9 април годинава Владата донесе Одлука, 24 април и 8 мај да бидат неработни денови поради претседателските и парламентарните избори. Притоа, им препорача и на работодавачите од приватниот сектор во земјава да ја спроведат ваквата Одлука за секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас.

И денеска, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потсети дека деновите на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни за сите граѓани на Северна Македонија, со напомена дека работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние каде работните процеси поради својата природа не може да се прекинат. мч/нд/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан