• сабота, 23 ноември 2024

ССК: Законот за солидарен данок упатува многу погрешен сигнал

ССК: Законот за солидарен данок упатува многу погрешен сигнал

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Сојузот на стопански комори смета дека со Законот за солидарен данок се дава еден многу погрешен сигнал и уште еднаш ќе го разгледаат пред да одлучат дали ќе и се приклучат на Стопанската комора во негово оспорување пред Уставниот суд или ќе поединечно ќе реагираат. 

-Уште еднаш ќе го разгледаме во кој правец ќе оди нивното оспорување, дали заедно со нив или поединечно, меѓутоа ние веќе во многу наврати дадовме изјави дека сметаме дека овој данок дава еден многу погрешен сигнал, и едноставно предизвикува еден преседан, кој до сега не се случил да вие наметнувате одредени даночни оптоварувања надвор од пресметковниот период, создавате правна несигурност, им праќате погрешен сигнал на сите оние кои работат и инвестираат во економијата, рече Ангелоски. 

Во однос на сегашната даночна реформа тој вели дека е убеден дека ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, за што постојат меѓународни финансиски институции кои детектираат дека околу 20 нешто проценти е сива и 20 проценти црна.

-Така што, нашата економија се состои пола од официјална и можеби уште толку од неофицијална, смета Ангелоски. ев/ац/

Остани поврзан