• среда, 18 декември 2024

Срѓан Миливојевиќ: Нема да дозволиме Вучиќ да побегне како Груевски, сакаме да му судиме за изборна кражба

Срѓан Миливојевиќ: Нема да дозволиме Вучиќ да побегне како Груевски, сакаме да му судиме за изборна кражба

Белград, 30 декември 2023 (МИА) - Во Белград не се случува ниту „украинско“, ниту „македонско“ сценарио, ова е борба за слобода и нема да му дозволиме на Александар Вучиќ да побегне како Никола Груевски, оти сакаме да му судиме пред законите на Р.Србија, изјави Срѓан Миливојевиќ пратеник од Демократската партија (ДС) и еден од лидерите на протестите на опозицијата „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој посочи дека „денешниот протест во центарот на Белград, на Теразије, е просрпската опозиција, а не проевропска опозиција, иако сме посветени на европските вредности, да покакаже бројност, одлучност и истрајност“.

-А на оние кои повикуваат дека во Србија ќе се случи „Украинско“ или „Македонско“ сценарио, порачувам да сигурно дека нема да се случи. Ние нема да дозволиме Александар Вучиќ, како Никола Груевски да побегне во Унгарија, во багажник, со помош на една безбедносна служба. За нас е многу важно виновниците на оваа изборна кражба да одговараат пред законите и судовите на Р.Србија.

Како што кажа Миливојевиќ, опозицијата ќе продолжи со протестите, паралелно со активностите на меѓународно поле, како и со институционалната борба.

-Ние не отстапуваме, оти ова не е борба за власт, ова е борба за слобода, изјави Миливојевиќ.

На денешниот протест во Белград, на кој имаше повеќе илјади граѓани, беше испратена порака да се поништатат изборите, да се прочисти избирачкиот список и нивно повторно одржување. Опозицијата го бојкотираше денешното прегласување на 35 избирачки места во Србија. об/

Остани поврзан