• вторник, 24 декември 2024

Српското МНР потврди дека Дачиќ утре во Москва ќе се сретне со Лавров

Српското МНР потврди дека Дачиќ утре во Москва ќе се сретне со Лавров

Белград, 20 март 2024 (МИА) – Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ утре во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

На покана на Лавров, Дачиќ утре ќе престојува во Москва каде ќе присуствува на пријателскиот натпревар меѓу фудбалските селекции на Србија и Русија, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

За време на престојот во Москва, Дачиќ ќе се сретне и со министерот за економски развој на Русија Максим Рештиников, пренесе Бета.

Претходно веста за средбата ја пренесе портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. јт/

Остани поврзан