• сабота, 16 ноември 2024

Српското МВР уапси четири лица за користење детска порнографија

Српското МВР уапси четири лица за користење детска порнографија

Белград, 13 ноември 2024 (МИА) -  Во Србија во полициската акција Армагедон уапсени се четири лица поради користење детска порнографија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Припадниците на МВР, Одделот за борба против високотехнолошкиот криминал на Техничката управа, во соработка со Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград и полициските одделенија во Белград, Крушевац и Нови Сад во продолжение на акцијата „Армагедон“ ги уапсија М. Ј. (2001) од Трстеник, Ј. С. (1989) од Белград, В. М. (1961) од Нови Сад и Ј. А. (1990) од Сремски Карловац, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, соопштија од МВР.

Тие се сомничат дека подолг период преку интернет симнувале, чувувале и споделувале содржини создадени со искористување на деца за порнографски цели. При претресот на становите што ги користеле осомничените, во нивните компјутери полициските службеници пронашле фотографии и видео снимки на сексуална експлоатација на деца.

Податоците за криминалните дејствија се прибирани преку платформата „Те чувам“, која укажувааше и на обиди за физички средби со деца, како и преку платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) од САД, со кои продолжи успешната соработка, соопштија од МВР.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство. об/

Фото:МВР на Србија



Остани поврзан