• среда, 25 декември 2024

Српските кошаркари ја освоија олимписката бронза

Српските кошаркари ја освоија олимписката бронза

 

Париз, 10 август 2024 (МИА) – Србија го освои бронзениот медал на олимпискиот турнир во кошарка совладувајќи ја попладнево Германија во натпреварот за третото место со 93-83.

Србија од самиот почеток на натпреварот беше во водство кое достигна највисоки плус 16 поени (67-51) во третата четвртина.

Актуелниот светски првак се обиде да ја врати резултатската неизвесност и ја намали негативата на осум поени (82-74), но Србија возврати со серија од 5-0 и мирно го приведе до крај натпреварот за олимписката бронза.

Никола Јокиќ и Василије Мициќ со по 19 поени беа најефикасни во српските редови.

Олимпискиот првак ќе биде познат вечерва по одигрување на финалето меѓу САД и домаќинот Франција. ег ФОТО: КСС/Фејсбук

Остани поврзан