• петок, 27 декември 2024

Српскиот претседтел пристигна во Нови Сад

Српскиот претседтел пристигна во Нови Сад

Нови Сад, 5 ноември 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва пристигна во Нови Сад и се обраќа пред поддржувачи на неговата партија, јавија белградски медиуми. Голем број поддржувачи на СНС се пред просториите на партијата во градот.

Поради смртта на 14 лица откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест. По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на СНС и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и боја. Организаторите на протестот бараат сите оние кои директно и индиректно се одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември кога врз луѓе падна бетонска настрешница да поднесат оставки и кривично да одговараат. Според белградски медиуми, полицијата почнала да приведува граѓани кои учествувале во протестите. 
Претходно, срспкиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека Градското собрание на Нови Сад е симбол на градот и духот на слободата и дека на оние кои вечерва го нападнаа не се грижат ниту за мртвите, ниту за вистината.

Остани поврзан