• среда, 25 декември 2024

Српскиот патријарх Иринеј примен во болница со Ковид-19

Српскиот патријарх Иринеј примен во болница со Ковид-19
Белград, 4 ноември 2020 (МИА) - Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, се заразил со коронавирус и е примен во болница, соопшти вечерва Службата за информации на СПЦ. Патријархот Иринеј нама симптоми и се наоѓа во одлична општа состојба, наведува службата за информирање на СПЦ во соопштението. "Како дел од редовната постапка за тестирање и по епидемиолошката проценка, извршен е PCR-тест на САРС CoV2, што потврди дека Неговата Светост Патријархот српски г. Иринеј е позитивен, без симптоми и е во одлична општа состојба. Неговата Светост е сместена во ковид болница во Белград," се наведува во соопштението објевано  на веб-страницата на Службата за информации на Српската православна црква. Патријархот Иринеј пред неколку дена, заедно со илјаднииц верници, присуствуваше на погребот на митропилитот црногорско- приморски Амфолохије, кој почина од Ковид-19. сд/

Остани поврзан