• среда, 25 декември 2024

Српскиот вицепремиер Вулин на самитот на БРИКС разговараше со Путин, Си, Лукашенко и Мадуро

Српскиот вицепремиер Вулин на самитот на БРИКС разговараше со Путин, Си, Лукашенко и Мадуро

Белград, 24 октомври 2024 (МИА)- Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, кој како личен претставник на претседателот Александар Вучиќ ја предводи српската делегација на Самитот на БРИКС во рускиот град Казањ, присуствуваше на официјалниот прием што претседателот на Руската Федерација Владимир Путин го организираше за учесниците и гости на 16. Самит на БРИКС, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Канцеларијата за соработка со медиумите на Владата на Република Србија, пред почетокот на приемот, Вулин разговарал со рускиот претседател, претседателот на Кина Си Џинпинг, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси и претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

-Србија се надева дека за неа ќе има место во БРИКС, кој нуди многу слобода и не бара промена на политичкиот систем или пристапување кон режими на санкции, изјави српскиот вицепремиер Александар Вулин во Казан.

Во рускиот град Казан од 22 октомври до денеска се одржува самитот на организацијата БРИКС, а на него учествуваат претставници на 36 земји, како и на шест меѓународни организации. об/


Фото:Влада на РС

Остани поврзан