• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Српската полиција им забрани влез на новинарите на „Слободна Далмација“ пред утрешниот студентски протест

Српската полиција им забрани влез на новинарите на „Слободна Далмација“ пред утрешниот студентски протест

Загреб, 14 март 2025 (МИА) – Новинарска екипа на сплитскиот весник „Слободна Далмација“ денеска не беше пуштена во Србија, под образложение дека претставува безбедносен ризик, објави весникот на својот портал.

Екипата патувала за Белград за да известува од големиот студентски протест што е најавен за утре, пренесува Бета.

Според „Слободна Далмација“, српската полиција ги застанала на граница, ги издвојила настрана и им ги зела документите. Откако утврдила дека се новинари, им било врачено решение за забрана на влез во земјата.

Весникот, повикувајќи се на неофицијални информации, наведува дека и други новинарски екипи од Хрватска добиле забрана за влез во Србија, со цел да не известуваат за протестот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан