Српската изборна комисија ги објави конечните изборни резултати
- Републичката изборна комисија (РИК) на Србија вечерва го усвои севкупниот извештај за конечните резултати од изборите одржани на 17 декември, според кој во Собранието на Србија влегуваат 10 листи, од кои листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освои најмногу мандати – 129, односно 1.783.701 глас или 46,75 отсто.
Белград, 12 јануари 2024 (МИА) – Републичката изборна комисија (РИК) на Србија вечерва го усвои севкупниот извештај за конечните резултати од изборите одржани на 17 декември, според кој во Собранието на Србија влегуваат 10 листи, од кои листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освои најмногу мандати – 129, односно 1.783.701 глас или 46,75 отсто.
Листата „Србија против насилството“ ќе има 65 пратенички мандати, со 902.450 или 23,66 отсто од гласовите.
Следува листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, која ја поддржале 249.916 гласачи, односно 6,55 отсто, а во парламентот ќе ја претставуваат 18 пратеници. јт/