• среда, 18 декември 2024

Срна привремено на клупата на украински Шахтјор

Срна привремено на клупата на украински Шахтјор

Киев, 16 октомври 2023 (МИА) – Легендарниот хрватски фудбалер Дарио Срна (41) привремено ќе ја предводи екипата на украински Шахтјор, откако досегашниот тренер, 54-годишниот Холанѓанец Патрик ван Ловен доби отказ.

Холандскиот стратег седеше на клупата на украинскиот тим само три месеци, остварувајќи биланс од седум победи, три нерешени и два порази.

„Екипата привремено ќе ја предводи директорот на клубот Дарио Срна“, соопшти вечерва Шахтјор.

Срна цели 15 години настапуваше за Шахтјор во чиј дрес настапи на 536 натпревари и освои 26 трофеи.

Поранешниот долгогодишен капитен на хрватската репрезентација во јуни 2020 година беше назначен за спортски директор на Шахтјор. ег

Фото: Фејсбук

Остани поврзан