• петок, 27 декември 2024

Средствата од договорите за угостителски објекти Град Скопје ги пренамени за оброци за лица од социјално загрозени категории

Средствата од договорите за угостителски објекти Град Скопје ги пренамени за оброци за лица од социјално загрозени категории
Скопје, 22 јануари 2022 (МИА) - Средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти во вредност од околу 32.000 евра, од страна на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓаните од социјално загрозени категории, преку „Ретвитни оброк“ и „Црвен крст“ на Скопје, информираат од Град Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека оваа практика ќе се применува секоја година и наместо кон угостителски услуги како непродуктивен трошок, овие средства ќе се користат за социјално загрозени граѓани. -Оваа инцијатива за пренамена на средствата за оброци за социјално загрозени лица е еден од чекорите на Град Скопје за поактивна вклученост на градот во подобрување на квалитетот на животот на социјално ранливите категории, особено кога наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми во време на економска и енергетска криза, вели Арсовска. Таа ги повика и останатите градоначалници да се приклучат на оваа иницијатива и сите средства за репрезентации или предвидени непродуктивни трошоци да се пренаменат за општествено одговорни активности со коишто ќе се помогне во зајакнување на поддршката и грижа таму каде е најпотребно, со што дополнително ќе се помогне иницијативата на „Ретвитни оброк“ да се прошири на национално ниво. ки/ац/

Остани поврзан