• недела, 24 ноември 2024

Средношколците од „Никола Карев“ добиваат поубава околина

Средношколците од „Никола Карев“ добиваат поубава околина

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Во средното училиште „Никола Карев“ во скопската општина Карпош, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина од 10.740 метри квадратни. Акцијата за засадување дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема, ќе им овозможи на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња каде ќе може да се дружат, ќе имаат можност за организирање предавања и едукативни работилници. Ова се наведува во денешното соопштение на Одделението за односи со јавност при Град Скопје.

Како што се истакнува, Град Скопје продолжува со реализација на големиот проект, што произлегува од програмата „За модерно Скопје“ и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавни претпријатија.

- Важноста и целта на овој проект, е, да се поттикнат нашите средношколци за зачувување, одржување и негување на животната средина, како и да се креираат нови паркови површини и фитнес-зони. Дополнително, во училишните дворни се реализира проектот за надворешни фитнес-зони, со реквизити и справи, со цел поттикнување и унапредување на здравите животни навики со спортување и рекреирање, потенцираат оттаму. бд/са/

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан