• вторник, 24 декември 2024

Средношколката Софија Ситновска од Македонска Каменица е добитник на наградата за најмлад карикатурист на конкурсот на Вечерње новости ,,Пјер"

Средношколката Софија Ситновска од Македонска Каменица е добитник на наградата за најмлад карикатурист на конкурсот на Вечерње новости ,,Пјер

Делчево, 13 ноември 2024 (МИА) - Средношколката Софија Ситновска од Македонска Каменица ја доби наградата за најдобар млад карикатурист на конкурсот на Вечерње новости „Пјер". Како што стои во објавата на весникот ова престижно достигнување за прв пат е во рацете на учесник од Македонија.

Младата Софија Ситновска повеќе години години активно се занимава со карикатура, и за неа признанието претставува остварување на нејзиниот сон и голем чекор во нејзиниот уметнички пат. 

Во досегашното нејзино творештво таа често обработува теми кои ги засегаат младите, со специфичен хумор и критика  пренесувајки ги нејзиниот поглед на светот. 

Одлуката Ситновска да ја добие наградата е донесена од жири комисија составена од еминентни имиња од областа на уметноста и сатиричната карикатура во Република Србија.

Со ова признание, натпреварот „Пјер“ како што се вели во соопштението од уредништвото на весникот се испраќа силна порака за значењето на младата уметничка сцена и поддршката на младите карикатуристи, отворајќи нови можности за идните генерации уметници од регионот. вс/сст/


Фото: Новости

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан