• среда, 27 ноември 2024

Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово доби енергетски ефикасна фасада

Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово доби енергетски ефикасна фасада
Куманово, 23 септември 2022 (МИА) - Заврши поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада во кумановското средно училиште „Перо Наков“. Реконструкцијата се реализира согласно потпишаниот договор меѓу Министерството за образование и наука, општина Куманово и училиштето во рамки на проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“ на Министерството за образование и наука.
-Очекуваме значително подобри услови за изведување на наставата, пред сè во насока на заштеда на топлинска енергија. Изминативе години спроведени се бројни реконструкции, набавена е нова опрема. Очекуваме наставата да се изведува во подобро услови и за учениците и за вработените, изјави директорката на училиштето Мила Жибак-Димковска. Во претходниот период беа поставени и нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци. Претходните години беше набавени нови столчиња, маси, смарт табли и компјутери за учениците во двата објекта. Настава во СОУ „Перо Наков“ следат над 800 ученици на македонски и албански наставен јазик. Учениците од прва година од македонските паралелки од профилите економски техничар, техничар за изработка на обувки и техничар за изработка на облека, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг и сите профили во прва година од „Перо Наков“ кои следат настава на албански наставен јазик се опфатени во рамки на дуалното образование. Училиштето со години продуцира кадри, потребни за реалниот сектор. ам/бак/

Остани поврзан