• четврток, 26 декември 2024

Средните училишта на Град Скопје ќе ги отворат вратите за студиските програми на универзитетите и факултетите

Средните училишта на Град Скопје ќе ги отворат вратите за студиските програми на универзитетите и факултетите
Скопје, 27 февруари 2022 (МИА) - Секторот за образование на Град Скопје информира дека ги почна активностите за реализација на проектот „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за универзитетите и факултетите за промоција на нивните студиски програми“. Како што посочуваат од Град Скопје, со реализацијата на овој проект сакаат да им помогнат на матурантите во професионалното определување и изборот на студиските програми со кои ќе ги стекнат посакуваните стручни компетенции. - Проектот овозможува поврзување и структурирана комуникација помеѓу универзитетите и средните училишта, во училиштен амбиент или со онлајн комуникација, приспособена на здравствената криза, да се понудат одговори на голем број прашања кои ги поставуваат учениците. Согласно со заложбите на Секторот за образование за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, на овој начин на учениците ќе им се овозможи полесно да донесат одлука при изборот на својата професија и да направат дистинкција помеѓу изборот и можностите, се вели во соопштението на Град Скопје. Оттаму информираат дека до сите државни и приватни универзитети и факултети е испратена официјална покана за да го потврдат својот интерес на мејл до 28 февруари 2022 година и по добиените пријави ќе се изготви план со термини за секој универзитет и факултет поединечно за презентација во средните училишта. Термините за презентација на универзитетите и на факултетите со промоција на нивните студиски програми ќе се одвиваат во текот на март. фф/бк/

Остани поврзан