• недела, 24 ноември 2024

Средбa на министерот Мисајловски со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер

Средбa на министерот Мисајловски со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Благодарност до амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра
Дрекслер и одбранбеното аташе потполковник Ханс Петер Вамслер за одличната одбранбена соработка, особено во процесот на интегрирањето во НАТО, упатил министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба во Министерството за одбрана.

На средбата, соопштија од МО, Мисајловски напоменал дека буџетот останува на 2 проценти од
БДП согласно заклучоците.

Во однос на Украина, министерот за одбрана известил дека македонската Влада ќе продолжи да и помага и да ја поддржува Украина.

- Сојузништвото во рамки на НАТО и придонесот во операциите предводени од НАТО беа дел од денешниот разговор, на кој беше потенцирана регионалната стабилност како еден од главните фактори за натамошен просперитет на земјите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Нашата земја е јасно позиционирана и почитувана од страна на сите членки на Алијансата, што беше забележливо на сите досегашни средби и состаноци на НАТО Самитот и останува да биде доверлив партнер за соработка, заклучија соговорниците, стои во соопштението од МО. цр/вд

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан