• сабота, 23 ноември 2024

Средби на Муцунски со амбасадорката на норвешка Мелсом и со претставникот на ЕИБ Габриел

Средби на Муцунски со амбасадорката на норвешка Мелсом и со претставникот на ЕИБ Габриел

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени средби со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом и со претставникот на Европска Инвестициона Банка во Северна Македонија, Бјорн Габриел.

Како што соопшти МНР, на средбата со амбасадорката на Норвешка, Муцунски се заблагодарил за досегашната норвешка експертска и развојна поддршка во повеќе клучни области, како и за воспоставеното партнерство во развивањето на нашите капацитети за остварување на клучните надворешно-политички приоритети. Притоа, нагласи дека новата Влада е посветена на унапредување на односите на билатерално и мултилатерално ниво, како и интензивирање на трговската размена и развој на економските и бизнис врските. Воедно, беше поздравена и готовноста за зајакнување на соработката како НАТО сојузници и заедничкиот придонес за зачувување на глобалниот мир и трансатлатнската стабилност.  

Во фокусот на разговорите со претставникот на Европската Инвестициона Банка во земјава, како што се наведува во соопштението, била посветеноста на понатамошниот развој на енергетскиот сектор и другите области на соработка во земјава, како и остварувањето на значителни резултати кои придонесуваат кон понатамошното продлабочување на долгогодишното меѓусебно  партнерство. Воедно, Муцунски се заблагодари за изградбата на капитални проекти насочени кон подобрување на инфраструктура во земјата и кои придонесуваат за подигнување на квалитетот на животот граѓаните.

Информираше дека македонската Влада е силно фокусирана кон успешна имплементација на реформските процеси, надминување на предизвиците  и кон реализација на значајни проекти кои се од важност за домашната економија и регионалното поврзување, се посочува во соопштението од МНР. ев/дма/

ФОТО: МНР

 

Остани поврзан