• недела, 22 декември 2024

Средби на директорот на БЈБ, Тасевски, со директорите на полициите на Грција, Косово и Бугарија

Средби на директорот на БЈБ, Тасевски, со директорите на полициите на Грција, Косово и Бугарија
Скопје, 4 мај 2022 (МИА) - Во пресрет на  Регионалната конференција на директори на полициски служби на тема „Борба против организиран криминал: предизвици и поддршка“ која се одржува во Скопје од 4 до 7 мај, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски дееска оствари билатерални средби со директорите на полициите на Елинската Република, Константинос Скоумас, на Република Косово Самедин Мехмети и на Република Бугарија, Венцислав Кирчев, соопшти Министерството за внатрешни работи. На сите средби е потенцирана успешната соработка помеѓу полициите во регионот и беа разгледани можности и иницијативи за унапредување на билатералната соработка.-Миграциската криза не само што не ги заобиколи нашите држави, туку значително ги оптовари и сè уште ги оптоварува националните буџети, човечките ресурси и меѓународната комуникација. Верувам ќе се согласиме дека миграциската криза доведе до пораст и во вршењето криминални активности, особено во полето на илегалната миграција и криумчарењето мигранти, потенцираше на средбата директорот Тасевски на средбата со директорот на полицијата на Елинската Република, Скоумас.
Директорот Скоумас упати покана до директорот на БЈБ Тасевски, наскоро да ја возврати посетата во седиштето на Елинската полиција во Атина,  со цел организација за потпишување на заеднички протоколи и отпочнување со активности за нивна реализација.На средбата со директорот на бугарската полиција Кирчев, како што информира МВР, соговорниците ги потврдија оценките дека досегашната соработка е на завидно ниво и изразија уверување дека таа ќе продолжи уште поинтензивно да се развива и во периодот што следува.
-Посебно беше истакната соработката во областа на граничното работење, која години наназад е на високо ниво и без отворени прашања, ниту во поглед на правната регулатива за соработка, ниту во нејзината имплементација. Разгледана беше и ситуацијата со миграцијата каде соработката, исто така, е на високо ниво во поглед на размена на информациите и скенирање на миграциските трендови, наведува МВР.Средбата со косовскиот директор Мехмети, додава МВР во соопштението, се одржа во знакот на оценката дека на  оперативно ниво двете полиции активно соработуваат и со многу успех во борбата против организираниот криминал, прекуграничната соработка и други области од внатрешната безбедност кои се од заеднички интерес за двете страни.-Двете полиции учествуваат во заеднички акции, размената на информации и податоци е одлична, а соработката е со тенденција на продлабочување на сите нивоа, особено преку формирање на заеднички работни групи за анализа на предизвиците на организираниот криминал, потенцираше директорот Тасевски.Генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмети, се заблагодари за поддршката што МВР ја дава на косовската полиција и ја прифати идејата за формирање заеднички работни групи, што ќе придонесе за квалитативно нов пристап во зајакнување на борбата против криминалните групи.
-Мехмети воедно потенцираше дека за време на летната сезона на граничниот премин Елен Хан - Блаце планирано е воспоставување дополнителни кабини за проверки, со цел олеснување на прокот на луѓе и стоки, информира Министерството за внатрешни работи. хс/цр/

Остани поврзан