Средба Ѓорѓиевски - Маричиќ: Како ЗЕЛС остануваме посветени на поддршка на општините за навремено и ефикасно да одговорат на барањата на ДИК
- - Денес, во својство на претседател на ЗЕЛС, остварив работна средба со новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, и членовите на ДИК. Разговаравме за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина. Непреченото спроведување на изборите во фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите - и за институциите и за секој граѓанин - нагласи Ѓорѓиевски.
Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се сретна со новиот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ.
За средбата градоначалнкот информира на „Фејсбук“ нагласувајќи дека разговарале за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина.
- Денес, во својство на претседател на ЗЕЛС, остварив работна средба со новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, и членовите на ДИК. Разговаравме за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина. Непреченото спроведување на изборите во фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите - и за институциите и за секој граѓанин - нагласи Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека нивна заедничка обврска е изборните процеси да поминат во најдобар ред, со целосно почитување на законските процедури и со високо ниво на транспарентност и одговорност.
- Како ЗЕЛС, остануваме посветени на поддршка на општините, со цел навремено и ефикасно да одговорат на сите барања и насоки на ДИК.
Дополнително, на средбата беше отворено и прашањето за реализирањето на законските обврски на Град Скопје кон градската изборна комисија, кои беа целосно намирени уште во јануари 2026 година. Во согласност со правилникот на ДИК, обврската за исплата на членовите на општинските изборни комисии е во надлежност на самите општини. Продолжуваме со соработка, дијалог и координација, во интерес на демократските вредности и довербата на граѓаните - истакна Ѓорѓиевски. ац/вг/
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски