• четврток, 12 февруари 2026

Средба Ѓорѓиевски - Андерсон: Унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со акцент на Локалните совети за превенција

Средба Ѓорѓиевски - Андерсон: Унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со акцент на Локалните совети за превенција

Скопје, 10 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Град Скопје денеска одржаа работна средба со делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, на која, како што информираат, биле разгледани можностите за унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со посебен акцент на јакнењето и зголемувањето на ефикасноста на Локалните совети за превенција.

-Двете страни ја потврдија заедничката заложба за отворен дијалог, партнерски пристап и континуирана соработка, со цел унапредување на безбедноста и стабилноста на локалните заедници и во интерес на граѓаните, информираат од Град Скопје.

На средбата, на која присуствувале и членовите на делегацијата Алексеј Гавриш, Емили Гели и Африм Бајрами, дополнително, била истакната потребата од понатамошно зајакнување на стратешкото планирање, особено во контекст на претстојниот период до 2026 година. аа/сст/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан