• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ѓорѓиевски-Салиу: Унапредување на човековите права и секојдневието на Ромите е приоритет

Ѓорѓиевски-Салиу: Унапредување на човековите права и секојдневието на Ромите е приоритет

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, на која една од клучните теми беше реализирање на идни капитални и инфраструктурни проекти низ државата, особено во населените места каде што живее ромско население, информираат од Општина Кисела Вода.

Ѓорѓиевски на средбата истакнал дека неговите заложби за унапредување на човековите права и подобро секојдневие на сите граѓани во Македонија, со несмалено темпо ќе продолжат и во иднина.

-Денеска во просториите на Владата на Република Македонија остварив работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу. Она што беше тема на оваа средба со почитуваниот министер, е досегашните имплементирани мерки и проекти, но и идни реализации на капитални и инфраструктурни зафати насекаде во Република Македонија, со акцент на населените места каде што живее ромско население. Ги истакнавме и нашите заеднички заложби за унапредување на човековите права, но и за подобрување на секојдневието на сите категории граѓани, особено на Ромите на целата територија на Република Македонија, рекол Ѓорѓиевски.  

Во иднина, додал, будно ќе се следи имплементацијата на активностите што ќе бидат спроведени од страна на локалните самоуправи и ќе се прават заложби за уште поголемо унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Македонија. сст/са/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан