• четврток, 26 декември 2024

Средба Царовска - Ружиќ: Унапредување и зајакнување на соработката во образованието и науката помеѓу С Македонија и Србија

Средба Царовска - Ружиќ: Унапредување и зајакнување на соработката во образованието и науката помеѓу С Македонија и Србија
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Унапредување и зајакнување на соработката во образованието и науката, помеѓу Северна Македонија и Србија, како и дигитализацијата во образованието, беа тема на денешниот билатерален состанок во Белград на министрите за образование и наука на двете земји, Мила Царовска и Бранко Ружиќ. Како што информира МОН, во изјава за медиумите, министерката Царовска, истакна дека двете земји се стремат кон создавање на квалитетното образование кое е во најдобар интерес на учениците. - Затоа е неопходна соработка, поддршка и размена на искуства во остварувањето на оваа, како што велат, приоритетна цел, нагласи Царовска. Помеѓу темите за кои што се дискутирало, како што велат, била и дигитализацијата на образованието со што министерката споделила дека Северна Македонија за многу краток период успеа да ги дигитализира услугите за нострификација на дипломи, за аплицирање за степендии, како и за упис во прво одделение во основно образование. Споменато било и воведувањето на дигиталните учебници при што министерката истакнала дека со оваа реформа се стартува од идната година во четврто одделение, каде ќе се даде предност на користење на дигитални и мултимедијални материјали за учење, кои, како што велат, ќе бидат дополнителна алатка во совладувањето на материјалот. На средбата се зборувало и за наставата на српски јазик во Северна Македонија при што, како што велат од МОН, Царовска споделила дека нашата држава ги почитува правата на заедниците со што создава мултиетничко и мултикултурално општество со тоа што во подрачјата и општините каде што живее претежно српско население, наставата од 1-9 одделение се одвива на српски јазик а овозможено е и изучување на предметот јазик и култура на Србите од 3-9 одделение. ар/сп/

Остани поврзан