• сабота, 23 ноември 2024

Средба Филков - Божовиќ во Будва

Средба Филков - Божовиќ во Будва

Скопје, 27 октомври 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков во Будва, одржа билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

Како што соопштија од Министерството за правда, министерите ги споделија искуствата и предизвиците со кои се соочуваат на патот кон Европската унија. Понудија помош и експертиза во секој домен, посебно во реформската агенда, како и меѓународна правна помош во делот на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

-Двете држави имаат пријателски односи и меѓу нив нема отворени прашања. Договорено е во наредниот период да се реализира официјална посета на министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ во нашата држава, стои во соопштението.

Средбата се оствари во пресрет на утрешниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Будва, на кој ќе учествувува министерот за правда Игор Филков. вг/

Фото: Министерство за правда

 

Остани поврзан