• вторник, 24 декември 2024

Средба Фетаи-Мања: Посветени на владеењето на правото

Средба Фетаи-Мања: Посветени на владеењето на правото

Тирана, 15 ноември 2024 (МИА) – Реформите во правосудството и посветеноста за заедничка работа кон европската интеграција на двете земји, биле темите во фокусот на денешната средба на вицепремиер Арбен Фетаи и албанскиот министер за правда, Улси Мања, во Тирана.  

- Пријателска и официјална дискусија за предизвиците на интеграцијата во ЕУ, реформите во правосудството и можностите за зајакнување на соработката во борбата против корупцијата и подобрување на јавната администрација. Ја нагласивме нашата заедничка посветеност на владеењето на правото и транспарентноста како клучни за напредокот на двете земји кон интеграцијата во ЕУ и за одржување на стабилноста во регионот, напишал Мања во објава на социјалните мрежи.

Двајцата соговорници го истакнале натамошното зајакнување на соработката меѓу владите, министерствата и агенциите за спроведување на законот. вт/цр

Фото: Фејсбук на министерот Улси Мања

Остани поврзан