Средба Тошковски - Ангеловски од РСБСП: Безбедноста во сообраќајот е главен приоритет
- Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на патиштата се институции кои се позитивен пример за партнерски однос кој дава реални резултати како зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на патиштата се институции кои се позитивен пример за партнерски однос кој дава реални резултати како зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Ова беше заклучено на денешната работна средба меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на РСБСП, како и новоназначениот претседател Горан Ангеловски.
Како што информира МВР, соговорниците разговарале за одличната и континуирана соработка на двете институции заснована на главната цел - подобрување на безбедноста во сообраќајот.
- На средбата беа договорени и планираните кампањи кои во континуитет РСБСП ги спроведува во соработка со министерството, особено со одделите за превенција, притоа опфаќајќи ги сите аспекти на безбедното учество во сообраќајот како неопходното користење појас, возењето со приспособена брзина, обврската да не се користи мобилен при возење и други, соопштуваат од МВР. ир/дма/
Фото: МВР