• петок, 27 декември 2024

Средба Пендаровски - Бегај на маргините на Процесот Брдо-Бриони

Средба Пендаровски - Бегај на маргините на Процесот Брдо-Бриони

Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

На средбата Пендаровски му честита на Бегај за изборот на претседателската функција, му посака успешен мандат и изрази очекување дека во периодот што следи двете земји ќе продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи.

-Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните случувања во двете земји по официјалниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, за текот и можните предизвици во преговарачкиот процес. Во таа насока, соговорниците изразија подготвеност за интензивирање на соработката и размена на меѓусебни искуства во процесот на трансформација на двете општества и доследно спроведување на европските реформи во сите витални области, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски. ев/нд/

Остани поврзан