• вторник, 12 ноември 2024

Средба Османи - Дендиас: Со Грција изградивме стратешки однос

Средба Османи - Дендиас: Со Грција изградивме стратешки однос
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - На маргините на 77-то генерално собрание на ОН, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас. - Четири години по потпишувањето на договорот од Преспа, со Грција успеавме да изградиме стратешки однос, со предвидлива динамика и развој, кое може да се огледа како во нашиот континуиран политички дијалог, така и во поглед на нашата економска соработка и зголемената трговска размена, нагласи Османи по средбата. Како што информираат од МНР, Османи изразил задоволство за искажаната подготвеност на Владата на Грција за помош на Северна Македонија во справувањето со предизвиците со енергетската криза. Во разговорите, како што се наведува во соопштението, било повторено значењето на постигнатиот договор од Преспа, кој денеска служи како модел за успешно решавање на отворени билатерални прашања меѓу две соседни држави, важноста на понатамошната имплементација на договорот, како и одлучноста на двете страни да продолжат со напори во таа насока, со што ќе се исполнуваат целите на договорот и Акцискиот план за соработка. Во однос на европската перспектива на Северна Македонија, двајцата министри го поздравиле одржувањето на првата Меѓувладина конференција и започнувањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Министерот Дендиас, уште еднаш ги потенцираше јасните позиции на Грција за силна и континуирана поддршка за Северна Македонија во нејзиниот европски пат, како и поддршката за останатите држави од регионот на Западен Балкан во нивните европски и вро-атлантски интеграции. Посебно внимание било посветено на предизвиците поврзани со руската агресија врз Украина, соработката во рамките на НАТО и претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ почнувајќи од 1 јануари.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан