• четврток, 26 декември 2024

Средба на Ји и Лавров на самитот на Асеан во Џакарта: Кина е подготвена да работи со Русија

Средба на Ји и Лавров на самитот на Асеан во Џакарта: Кина е подготвена да работи со Русија

Џакарта, 13 јули 2023 (МИА) - Кина и Русија треба да ја зајакнат стратешката комуникација и координација, изјави денеска високиот кинески дипломат Ванг Ји на средбата во Џакарта со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи во Пекинг.

-Кина е подготвена да работи со Русија, поддржувајќи ја централната улога на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и внимавајќи на мешањето на надворешните сили, нагласи Ванг.

Двете земји ја поддржуваат Индонезија и земјите од АСЕАН да го фатат „вистинскиот правец“ во соработката во регионот на Источна Азија, додаде главниот кинески дипломат.сд/

фото:архива

Остани поврзан