• сабота, 23 ноември 2024

Средба на Тошковски и Бојмацалиев со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ

Средба на Тошковски и Бојмацалиев со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денеска оствариле работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ.

На средбата, како што информираат од МВР, Тошковски се заблагодарил за целокупната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи, а особена благодарност упатил за разбирањето што Србија го има во однос на проблемот со личните документи. 

Амбасадорката Јовановиќ, се вели во соопштението, се заблагодарила за досегашната соработка во сите области, особени во борбата против организираниот криминал и граничното работење и изразила уверување дека соработката ќе продолжи да се развива и во иднина, особено на патот кон полноправно членство во Европската Унија на двете земји. Ја посочила како приоритетна соработката во рамки на МАРРИ Регионалната иницијатива со која моментално претседава Република Србија, за што подетално објаснување дал српскиот офицер за врска во оваа иницијатива, Немања Пантиќ.

Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев била изразена благодарност за досегашната соработка, особено за соработката остварена преку иницијативата „Отворен Балкан“ која практично значи олеснување на граѓаните за нормално функционирање и комуникација со државите од Западен Балкан. аа/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан