• четврток, 26 декември 2024

Средба на Судскиот совет со Здружението на судии: повисоки плати, екипирање на судовите и создавање ефикасен систем

Средба на Судскиот совет со Здружението на судии: повисоки плати, екипирање на судовите и создавање ефикасен систем
Скопје, 11 март 2022 (МИА) - Претседателката на Судскиот совет и неколкумина членови со претседателот и преставници на Здружението на судии, денеска одржаа работен состанок на кој детално биле анализирани состојбите во судството и биле конкретизирани плановите за во иднина, со цел подобрување на независноста, ефикасноста и матерјалниот статус на судиите. Во врска со анализираните состојби, како што соопшти Судскиот совет, било потенцирано дека судството има капацитет и знаење да изгради независен, ефикасен и транспарентен систем, со цел да овозможи правда за граѓаните, а со тоа да ја зголеми нивната доверба во судството. На средбата било нагласено дека интегритетот и стручноста на судиите се важни елементи кон обезбедувањето брза и ефикасна правда и дека активностите на Судскиот совет и на Здружението на судиите се во тој правец. На состанокот, како што стои во соопштението, било дискутирано и за неопходноста од екипирање на судовите, како со судии, така и со стручни служби. -Беше истакнато дека во иднина мора да се стави фокус на овој сегмент од судството за да можат судовите да бидат поефикасни и поажурни. Определбата за нов кадар во судството станува приоритет и важна задача на Судскиот совет и на Здружението на судии, се наведува во соопштението. Матерјалната сигурност на судиите исто така влијае на ефикасната и посветената работа, затоа на средбата, како што е посочено во соопштението, било повторено дека заложбите за повисоки плати нема да запрат, туку ќе се интензивираат со цел да се обезбеди подобар материјален статус. дма/са/

Остани поврзан