Средба на градоначалничката Стаменкоска – Трајкоска со францускиот амбасадор Ле Риголер
- Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска имаше средба со францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер. Како што се наведува во соопштението од Општината, на средбата биле разменети мислења за унапредување на соработката и продлабочувањето на партнерските односи, со акцент на образованието, културата и промоцијата на европските вредности на локално ниво.
Скопје, 17 декември 2025 (МИА) – Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска имаше средба со францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер. Како што се наведува во соопштението од Општината, на средбата биле разменети мислења за унапредување на соработката и продлабочувањето на партнерските односи, со акцент на образованието, културата и промоцијата на европските вредности на локално ниво.
– Посетата има и симболично значење, имајќи предвид дека токму амбасадорот Ле Риголер, на почетокот од 2025 година, на свечена церемонија во Француската резиденција во Скопје, ѝ го додели на Стаменкоска Трајкоска високото француско одликување „Витез од редот на академските палми“. Одликувањето ѝ беше врачено додека таа беше пратеничка во Собранието на Република Македонија и претседателка на Секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на француската култура, образованието и франкофонската заедница, стои во соопштението.

За градоначалничката Стаменкоска – Трајкоска, во соопштението се наведува дека средбата е уште една потврда за одличните односи и заемната почит помеѓу двете земји.
– На почетокот од оваа година, во својство на пратеничка, имав чест да бидам одликувана со признанието „Витез од редот на академските палми", што го доживувам како потврда за долгогодишниот континуиран ангажман во промовирањето на француската култура, образованието и франкофонските вредности. Денешната средба претставува природно продолжение на таа соработка и взаемна доверба. Како градоначалник, силно верувам дека ваквите односи треба да се надградуваат и на локално ниво, преку конкретни партнерства и иницијативи од заемен интерес, посочила Стаменкоска – Трајкоска. ра/са/
Фото: Општина Кисела Вода