• вторник, 24 декември 2024

Средба на Советите на амбасадори на Северна Македонија и Албанија

Средба на Советите на амбасадори на Северна Македонија и Албанија

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) – Советот на амбасадори на Македонија одржа официјална средба со Советот на амбасадори на Албанија, предводен од амбасадорот Генци Муцај.

Како што информираат од Советот на амбасадори на земјава, на средбата бил донесен заклучок за продолжување на соработката врз принципот на заемна доверба и проширување на активностите со вклучување на останати невладини организации од таков карактер во регионот на Западен Балкан.

– Досегашната соработка на двата совети треба да продолжи и понатаму врз принципите на заемна почит и доверба, кои треба да бидат водилка за проширување на активностите со вклучување на останати невладини организации од таков карактер во Регионот на Западен Балкан и пошироко. Советите веќе ја потврдија таквата определба преку иницирање на заеднички проекти ко-финансирани од ЕУ во рамките на Фондот за Западен Балкан, преку кои ќе се реализираат две работилници под наслов „Дијалог за промени во Западниот Балкан”, се наведува во соопштението.

Работилниците ќе се оддржат во Скопје и Тирана, на почетокот од следната година, каде ќе присуствуваат амбасадори и високи претставници од граѓанското општество од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Како што стои во соопштението, Советите на амбасадорите од Албанија и земјава сметаат дека двете земји е потребно да ги интензивираат напорите за отпочнување и водење на преговорите за полноправно членство во ЕУ и дека за таа цел, сѐ уште постои простор за исцрпување на расположиви дипломатски и државнички постапки и алатки. ра/ев/

Фото: Совет на амбасадори на Македонија

 

Остани поврзан