• среда, 18 декември 2024

Средба на секретарите на СДСМ и Самоопределување, Зечевиќ-Рама во Приштина

Средба на секретарите на СДСМ и Самоопределување, Зечевиќ-Рама во Приштина

Скопје, 17 јануари 2024

Денеска во Приштина, Косово, се одржа средба меѓу генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, претседателот на СДММ Марко Михаилоски и генералниот секретар на партијата Самоопределување, Алим Рама придружуван од секретарот за меѓународна соработка од оваа партија, Хајрула Чеку.

На средбата се разговараше за понатамошната соработката меѓу двете партии, за регионалната соработка и дијалогот како клучни столбови за стабилност и европската иднина на Западен Балкан.

Взаемно беше истакната заложбата за продлабочување на соработката меѓу партиите во рамки на ПЕС, откако Самоопределување стана придружна членка на Партијата на европски социјалисти, но и помеѓу политичките подмладоци.

Заеднички е потврдено дека европски вредности и дијалог за сите прашања се исклучително важни за државите во целиот регион и прогресивните партии треба да придонесат во јакнење регионалната соработка и стабилноста на Западен Балкан.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан