• среда, 18 декември 2024

Средба на претставници на МНР и Агенцијата за поддршка на туризмот со прилепските стопанственици

Средба на претставници на МНР и Агенцијата за поддршка на туризмот со прилепските стопанственици

Прилеп, 1 јуни 2021 (МИА) - Запознавањето со туристичките и бизнис потенцијали на локалното стопанство, како и приближување и унапредување на соработката помеѓу Министерството за надворешни работи, на локалната самоуправа и на Регионалната стопанска комора, беше целта на попладневната средба во прилепската локална самоуправа, на прилепските стопанственици со претставници од МНР и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На средбата беа претставени можностите и капацитетите за инвестиции и извоз, кои понатаму ќе бидат составен дел од работната агенда на економските советници на Министерството за надворешни работи.

Според градоначалникот Илија Јованоски во Прилеп има доволно квалитетни индустрии кои извезуваат и секоја соработка е унапредување на извозот.

- Прилепските стопанственици имаа средба со економските советници од Министерството за надворешни работи, најмногу за Истокот и за Европа каде стопанствениците имаат најголем извоз. Најголемиот интерес за извоз останува во прехранбената, тутунската, мермерската индустија кои ги има речиси во целиот свет. Со денешната средба ја постигнавме целта за тоа како посилно да се претстават нашите компании на светските пазари за да се зголеми извозот, рече Јованоски.

Ирена Јакимоска, претседател на прилепската Регионална стопанска комора нагласи дека стопанствениците разменија корисни информации за пазарите каде извезуваат и оти ова е можност за континуитет на извозот на производи.

- Ова е проект на МНР кој го прави за промоција на нашите производи на светските пазари. Претставниците од Министерството за надворешни работи беа запознати дека извозно ориентираните прилепски стопанственици нудат квалитетни производи кои можат достоинствено да одговорат за да го застапуваат производството. За почеток ги разменивме инфирмациите, стопанствениците ги добија потребните информации од земјите кои се предмет на нивен интерес за извозот. Стана збор за промоција на извозот. За таа цел нашата држава има закупено 400 метри квадрати простор за меѓународниот сем во Дубаи во октомври каде ќе може да се презентира македонското стопанство. Извозот е главната сила на нашето стопанство, а ние како општина може да се пофалиме со компании кои добро котираат со производите на светските пазари, а достоинствено го поминаа овој период на предизвици и се тука да го продолжат континуитетот на извозот, рече Јакимоска.ем/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан