• четврток, 26 декември 2024

Средба на претседателот Џафери со швајцарската претседателка Ирене Келин

Средба на претседателот Џафери со швајцарската претседателка Ирене Келин
Скопје, 13 октомври 2022  Претседателот Џафери денес е домаќин на Претседателката на Националниот совет на швајцарскиот парламент, Ирене Келин и со неа имаше кратка тет-а-тет средба и средба во поширок состав, односно швајцарската делегација, потпретседателот на Собранието Мисовски, претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентот на Швајцарската конфедерација, Берат Ајдари, генералната секретарка на Собранието Иванова и други присутни. Претседателот им посака добредојде на почитуваните гости при што го нагласи отворениот, интензивен и пријателски однос помеѓу двете земји, за што го издвои како посебен и придонесот на нашата голема дијаспора која е високо интегрирана во Швајцарија. Иако Швајцарија не е членка на НАТО и Европската Унија, сепак силно ја подржува Република Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. Таа е најголемиот донатор за поддршка на реформите за демократски развој на институциите и економскиот напредок на земјата. Конкретно, во Собранието се спроведува 10-годишната стратегија од Програмата за поддршка на Парламентот со што ќе се зголеми во голема мера ефикасноста, транспарентноста и отвореноста на законодавниот дом кон јавноста. Претседателот Џафери ја информираше претседателката Келин за ставот на Република Северна Македонија во однос на Украина, односно за донесувањето на Декларацијата за осуда на руската агресија во Украина, со придружување кон санкциите од Европската унија и давање морална, материјална и друга помош на Украина во нејзината борба за слобода и демократија. Претседателката на Националниот совет на швајцарскиот парламент, Ирене Келин, се заблагодари за топлиот прием и изрази задоволство од повторната средба со претседателот Џафери, по нивната заедничка посета на разрушениот Киев. Таа пројави интерес за процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската унија и упати честитки за постигнатиот напредок при што, повторно ја изрази спремноста на Швајцарија да ја подржи нашата земја во тие напори. Во однос на Украина, рече претседателката Келин, иако Швајцарија не е членка на НАТО и Европската Унија, ја осудува агресијата и ги подржува санкциите кон Русија, иако поради нејзиниот неутрален статус, таа поддршка се ограничува само на економска и хуманитарна, не и воена помош. Двајцата соговорници констатираа дека треба да се интензивира комуникацијата на сите фактори кои можат да придонесат во правец на зголемување на трговската размена и швајцарските инвестиции во нашата земја за и економските односи да ги рефлектираат одличните билатерални и мултилатерални односи меѓу двете земји. Служба за информирање на Собранието на Република Северна Македонија  ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан