• сабота, 23 ноември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со Сојузот на Македонците со исламска религија

Средба на претседателот Пендаровски со Сојузот на Македонците со исламска религија
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Љатиф Пајкоски, почесениот претседател Исмаил Бојда и Амир Абдулаи, член на СМИР. Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на сребата бил информиран за положбата и состојбата на Македонците со исламска религија, како и за досегашните и претстојните активности на Сојузот. Претставниците на Сојузот го запознаа Претседателот со предизвиците со кои се соочуваат во зачувувањето на своите специфични културолошки особености, и го посочија проблемот на нивна недоволна застапеност во институциите. Пендаровски, се вели во соопштението, изразил поддршка за напорите на Сојузот во застапување на нивните права и интереси, презентација и афирмација на специфичните традиции, обичаи и фолклор на Македонците со исламска религија. аа/дма/

Остани поврзан