• недела, 28 јули 2024

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски и светски првенства во нашата држава, како и за важноста од продуцирање на соодветно обучен кадар за развој и поддршка на шахот.

Нагласувајќи ги придобивките од афирмацијата на овој спорт кај младите, претставниите на ШФМ ги споделија досегашните искуства од реализацијата на проектот „Шах во училиштата“, кој како што истакнаа, е високо оценет и од Светската Шаховска Организација (FIDE).

-Денешната посета беше можност претседателот Пендаровски, на партија шах, да поразговара и со 8-годишната Нина Миновска, ученичка во ООУ „Киро Глигоров“, која го изучува шахот како изборен предмет и со 15-годишниот Антон Златков, шампион во сите категории и член на младинската репрезентација кој ги сподели постигнатите успеси, се наведува во соопштението.

Претседателот им порача на младите шахисти да го негуваат својот талент, посакувајќи им големи шаховски достигнувања во иднина. дма/лв/

 

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Остани поврзан